Македонија

Нов скок на цените на горивата – од ноќеска поскапи

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89% во однос на одлуката од 19.10.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,245%, кај дизелот за 3,070%, кај екстра лесното масло за 3,007% и кај мазутот зголемувањето е за 1,656%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,147%

Од 25.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                  81,50 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                             84,00 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            84,00 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               82,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 47,174 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98  и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,675 ден/кг и сега ќе изнесува 47,174 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.10.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

На почеток