🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Двајца крадци уапсени на наплатната станица кај Тетово, украле „опел астра“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

— реклама —

Полициски службеници на СВР Тетово, ноќеска, околу 3.10 часот, на наплатната станица кај Тетово ги лишиле од слобода 38-годишниот Р. К. од Скопје и 18-годишниот О. А. од Кочани, кои претходно во Гостивар извршиле тешка кражба на патничко возило „опел астра“, со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на 43-годишниот И. И. од гостиварски Градец, извести МВР.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Возилото било паркирано на улицата Кеј Братство-единство, со клучевите во бравата, додаваат од МВР.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот по што ќе им бидат изготвени поднесоци, а возилото денеска ќе му биде вратено на неговиот сопственик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања