Скопје

(Видео) Протече снимка од тепачките во „Водовод“: Турканици, влечења, расправии

Влечења и турканици, вербални расправии – ова претходело на викањето полиција во скопски „Водовод“. Членовите на Управниот и Надзорниот одбор, сакале да стигнат до салата за да држат состанок, а ги спречува обезбедувањето. Турканиците се случуваат на скали, но и на последниот кат од зградата. Повеќе обезбедувачи и членови на одборите се пресметуваат меѓусебно, по што настанал општ хаос.

„Полека бе ало“, вели жена во ходникот

„Смирете се не правете проблеми, Ве молиме немојте. Ова ни е работа, ве молиме разберете“, вели обезбедувач.

Драмите во „Водовод“ немаат крај: Избила тепачка за заклучената канцеларија

Случајот е пријавен и во полиција, од каде велат дека го расчистуваат случајот. И ова не е првпат канцеларијата да биде проблем помеѓу двата табори. И претходно, таа беше заклучена, а состанокот беше воден во ходник. Се сѐ случувало околу пладне.

„На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на ‘Водовод’ пријави дека во просториите на ‘Водовод’ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Полициски службеници од ПС Центар се упатени за расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.

На почеток