Филип Петровски кандидат за претседател од Единствена Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Filip-Petrovski-TV-Nova

Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса, денес, недела, 10 февруари одржа седница во врска со утврдувањето на кандидат и настап на партијата на претстојните избори за претседател на Република Македонија.

— реклама —

Централниот комитет на Единствена Македонија како членка на „Македонија-Блокира„ донесе едногласна одлука да го подржи Филип Петровски на претстојните избори како кандидат за претседател на „Македонија-Блокира“.

Единствена Македонија застанува зад кандидатурата на Петровски водејќи се единствено од македонските национални и државни интереси да се порази злото во Македонија кое има свое име. Злото се вика марионетска власт Зоран Заев купена и контролирана од странски центар.

— реклама —

Филип Петровски е кандидатот кој во моментот може да го победи кандидатот на марионетската власт на Заев бидејќи ужива народна подршка на широка основа како од членството на ВМРО-ДПМНЕ така и од големата коалиција „Македонија-Блокира„ во која членуваат 84 организации - партии и здруженија од земјата и дијаспората. Практично, Филип Петровски е кандидат на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните.

Централниот комитет на Единствена Македонија изразува целосна подготвеност за учество на партијата и на предвремени парламентарни избори во секое време кога и да се одржат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања