🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

„ТНТ“ оди во историјата: Апелација го укина, вината ја гледа кај Кривичен оти решение носеле разрешени поротници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-11-14-at-20.02.44

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста, медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, информира дека:

— реклама —

Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ – 157/22, во јавноста познат како ТНТ, Апелациониот суд Скопје на нејавна седница на ден 16.11.2023 година, ги уважи жалбите на обвинетите Ј.М. од С. и Е.Н. од С. изјавени против Решение за исправка на Основен кривичен суд Скопје од 01.09.2023 година и истото го укина од следниве причини:

Решението за исправка КОК-53/17 на Основниот кривичен суд Скопје е донесено од судија на 01.09.2023 година на кого предметот му е доделен во работа со одлука на Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје на ден 07.09.2023 година.

— реклама —

Исто така, првостепениот суд Решението за исправка го донел спротивно на одредбите на ЗКП во совет составен од петмина судии, а согласно ЗКП ваква одлука носи претседателот на совет.

Во донесувањето на Решението за исправка учествувале двајца судии поротници кои не смееле да постапуваат и одлучуваат затоа што Судскиот совет на Република Северна Македонија на ден 09.08.2022 година го разрешил судијата поротник Т.Т.С., а на ден 27.09.2022 година го разрешил и другиот судија поротник К.К., а станува збор за Решение донесено на ден 01.09.2023 година. Дополнително, во списите на предметот нема Записник за советување и гласање.

Со оглед да исправката е по однос на член 409 став 2 од ЗКП во делот на изреката по однос на неусогласеност на изречената казна по висина, помеѓу Изворникот на пресудата и писмено изработената пресуда, согласно податоците од член 404 став 1 точка 3 од ЗКП првостепениот суд погрешно ја примени одредбата од член 409 став 2 од ЗКП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања