„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

СДС и ДУИ ја саботираат Анкетната за Онкологија за да не се дознае вистината и да ги заштитат своите кадри во скандалот Диво Месо, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-9920PM

„Нервозата во СДС од работата и заклучоците на Анкетната Комисија за скандалот на клиниката на Онкологија, покажува дека канцер мафијата е тесно поврзана со власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

— реклама —

„Фактот што СДС и ДУИ ја саботираат Анкетната комисија за Онкологија, е доказ дека тие прават се за да не се дознае вистината за овој грозоморен чин и да ги заштитат своите кадри заплеткани во скандалот “Диво Месо“.

Скандалот Диво Месо отвори огромен сомнеж за свесно уништување на системот и редот на клиниката за Онкологија со цел во некој да се богати на грбот на најтешко болните пациенти.

— реклама —

Ваквиот здравствен башибозук бил возможен само со знаење, одобрување или директно учество на највисоките функционери во институциите и власта.

Од работата на Анкетната комисија произлезе дека поради непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи, политичка одговорност за скандалот, клучната одговорност треба да се бара кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тогашните медицински и економски директор на Онкологија Нино Васев и Нехат Нухи, тогашната директорка на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова, тогашните директори на ФЗО Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

Оваа состојба на клиниката за Онкологија била јавна тајна. Пациенти, но и медиуми говореа дека свесно се создаваат долгови на клиниката,а во исто време терапија нема, наместо цитостатици пациентите добиваат физиолошки раствор, а скапите лекови завршуваат на црниот пазар во земјата и во странство.

Никој од надлежните со години и месеци не мрднал со прст и затоа се поставува прашањето колку човечки животи би биле спасени или продолжени, ако на клиниката не владеел свесно создаден хаос од кој ќар имала канцер мафијата.

Ова е најгрозоморниот скандал во Македонија. Обвинителството на сето тоа молчи. Се прави слепо и глуво.

Паниката која владее кај владејачките структури покажува дека Анкетната Комисија го погоди нервот на мафијата.

Доколку СДС прават се заклучоците да не се донесат, а обвинителството да не отворат истрага, тогаш залудно се мачат.

Анкетната комисија извади на виделина многу аспекти од овој скандал, и истите можат да бидат добра основа за идна истрага која ќе ја спроведе професионално и слободно обвинителство“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања