„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Опозициски политичар од Венецуела бил затворен во зграда, па скокнал од десеттиот кат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

fernando-alban-620x350

Опозицискиот политичар од Венецуела, Фернандо Албан, изврши самоубиство со скокање од десеттиот кат на зградата на разузнавачката служба (Себина), каде што тој беше затворен под сомнение за вмешаност во експлозијата на воената парада во почетокот на август, соопшти министерот за внатрешни работи во понеделникот.

— реклама —

Педесет и шестгодишниот Албан, официјален претставник на градското собрание на Каракас, беше затворен минатиот петок за наводна вмешаност во експлозијата на две беспилотни летала во почетокот на август за време на воената парада предводена од страна на претседателот Николас Мадуро, објави министерот Нестор Реверол на Твитер.

— реклама —

„Кога требаше да биде однесен на суд додека беше во чекалната во Себин, тој скокна од прозорецот и падна смртно страдајќи“, напиша Реверол.

https://twitter.com/Villca_FDEZ/status/1049395700700782593?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1049395700700782593&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fekonomija%2Fsvet-ekonomija%2F%25d0%25be%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b7%25d0%25b8%25d1%2586%25d0%25b8%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b8%25d1%2587%25d0%25b0%25d1%2580-%25d0%25be%25d0%25b4-%25d0%25b2%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2586%25d1%2583%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25b0-%25d0%25b8%25d0%25b7%2F

Верзијата на настаните на министерот малку се разликува од онаа на главниот обвинител Тарек Саба, кој во изјавата за телевизијата рече дека Албан побарал да му дозволат да оди во тоалет, од каде што скокнал.

Опозициската партија „Правдата на прво место”, чиј член беше Албан, тврди дека одговорноста за смртта на Албано ја има владата на Мадуро.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања