Судска медицина се уште не го доставила обдукцискиот наод за Вања, паѓаат во вода шпекулациите и заговорите за малтретирање
Обдукцискиот наод се уште не е готов, а меѓу обвинителот кој ја води устрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се разменуваат информации. Ова значи дека паѓаат во вода шпекулациите за наводни малтретирања на двајцата убиени. Тоа ќе се знае кога наодот ќе биде готов.
“Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Обдукцискиот наод се уште не е изготвен и доставен до обвинителството”, велат од Обвинителството.
Тие додаваат:
“Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста”.