Магазин

(Видео) Настап во Скопје: Малолетници со градник му мафтаа на српски рапер, тој ги удираше со патика по глава

Настапот на српскиот рапер Драгомир Деспиќ-Десингерица во скопскиот клуб „Привелиџ“, предизвика лавина коментари во јавноста. Од видеата се гледа дека собрал куп малолетници во публика, кои му се радуваат, рапуваат со него, а наместо со транспарентни, еден од присутните мафта со градник.

Десингерица се соблака, а тие креваат раце за да го поздрават и допрат. Во еден момент, се гледа дека реагира и обезбедувањето кое му ја превиткува раката на дете од публиката.

Раперот е познат по тоа што на сите свои настани ја соблака патиката и ја мава публиката. Така беше и во Скопје. Додека тие се забавуваа со кренати раце, тој ги удираше со патика.

Коментарите на социјалните мрежи се критични и насочени како кон младата публика, така и кон раперот.

На почеток