Македонија

(Видео) Грандиозна забава среде затворот во Тетово – огрешените пред законот ја слават успешната година

На лето имаа базен, а на зима прослави со музика во живо. Вака изгледа животот во затворот во Тетово. Снимките кои протекоа на интернет покажува каков живот живеат затворениците кои го прекршиле законот. Прославата изгледа грандиозно, ако се има во предвид дека има музика во живо, па дури и озвучување.

Затворениците решија да свртат оро, на масите храна, а на чело и лице со телефон, кој го снима пејачот кој пак во рацете држи пари. И додека тие се снимаат меѓусебно, припадници на полицијата седат на една од масите – што е воочливо од униформите кои ги носат.

Директорот Ќефаил Хавзија посочи дека ова е прослава за успешната година.

„Успешно реализирана културно-уметничката програма во Затворот Тетово посветена за крајот на успешната година, особено им се заблагодаруваме на секторот за ресоцијализација и обезбедување, ресторанот ВИТААБИ-Гостивар, познатата етно група од Тетово со изведувачите Џемал, Дашмир и Бесарт, тапаните од Тетова како и почит кон осудените лица за нивното примерно однесување, напиша Хавзиу на сите Фејсбук постови од денешната атмосфера“.

Овој затвор е познат по невообичаените пракси. Претходно, во истиот казнено-поправен дом имаше поставено базен. Директорот Ќефаил Хавзија кажа дека тоа е дел од програмата за ресоцијализација.

На почеток