Советот на јавни обвинители ја елиминираше обвинителакта Фатиме Фетаи која имаше желба да стане државна јавна обвинителка. Според членовите, таа немала комплетна документација. Таа нема да стигне ниту до гласање, а заклучокот беше едногласен. Ова значи дека таа нема да има можност да достави документација која и недостасува до Советот, туку излегува од тргката.
Во игра отануваат Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство. За Коцевски веќе е дадено позитивно мислење, што значи дека предлогот ќе оди во Владата.
Популарната специјална обвнителка Фатиме Фетаи заедно со колегата Сашо Рајчев има две кривични пријави, едната за случајот со “Доказ” и втората за нестручно постапување. Вишата обвинителка Фетаи предложи пред еден месец реизбор на судиите и обвинителите.
За реформи кои ќе бидат суштински, а не козметички се залагаше и Лидија Раичевиќ која сепак многумина ја паметат по случајот во Советот на јавни обвинители. Обвинителката Фиданка Рајевска гласала кога точка на дневен ред бил изборот на нејзината колешка Лидија Раичевиќ, која, пак, е обвинителка во предмет кој е индиректно поврзан со Рајевска, односно се води истрага за нејзиниот сопруг. Се работи за предметот „Банки“, во кој се вклучени неколку големи македонски банки кои креирале фиктивни шеми на должничко-доверителски односи.
За човекот од заднина малку се знае. Љупчо Коцевски во Државното обвинителство дојде од Вишото јавно обвинителство во Гостивар во јануари 2022.
Но, има шанси договор да нема, а и со објавување на огласот се доцнеше, па да се оди со В.Д. Јавен обвинител, а тоа според наши информации би била Соња Симовска од ЈОРМ. Функцијата ќе ја врши до изборот на нов обвинител. Доколку за пријавените нема мнозинство или не им се „допаднат“ на пратениците, да се оди со распишување на нов оглас.
Љупчо Коцевски останува осамен во трката за државен обвинител
Обвинителот во Републичкото обвинителство, Љупчо Коцевски, останува осамен во трката за државен обвинител. Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење единствено за него. Предлогот патува до Владата, а потоа, оттаму до Собранието на гласање. Членовите кажаа дека неговата документација е комплетна и уредна, за разлика од документацијата на кандидатот Фатиме Фетаи.Од трката излегоа Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ. Според членовите, Раичевиќ не е подобна да биде државен обвинител. Таа ќе остане во скопското Обвинителство.За да биде избран нов државен обвинител, треба пратеничка поддршка од 61 глас. Доколку Коцевски не добие неопходно мнозинство, тогаш постапката се повторува и се распишува нов оглас.
Македонија | пред 2 години