Разрешената претседателка на Судски совет, Весна Дамева, за „Скопје1“ посочува дека нема добиено одлука од Управниот суд, како и дека од медиумите прочитала дека истата е донесена, а таа се враќа на позицијата каде беше. Посочува дека доколку е така, тоа за нејзе нема да е триумф, туку задоволување на правдата. Сепак, посочи дека ќе почека да ја види одлуката и да прочита во диспозитивот од одлуката што е точно одлучено.
„Јас разбрав преку текст. Ниту имам примено, ниту официјално имам добиено. Ништо не знам. Јас сакам искрено да почекам да видам каков е диспозитивот, за да видам што е точно одлучено“, вели Дамева за „Скопје1“.
Прашана дали ако ја вратат на претседателската функција, тоа ќе е триумф за неа, таа посочува: Останува борбата против корупцијата од било кое место и било која позиција. Не престанувам со борбата против корупцијата, дали како член, дали како претседател. Не се бориме за триумф ова ќе значи дека правдата е задоволена“.
Посочи дека со колегите, кои се членови на Советот е во коректни односи, како и дека никогаш не била надмена, а одговарајќи на прашање дали би се гледала низ нишан со нив, при евентуално враќање на претседателската функција.
Судска игранка: Весна Дамева повторно претседателка во судската игра
Весна Дамева се враќа на чело на Судскиот совет, оти Управен суд ја поништил одлуката за нејзино разрешување, пишува „СДК“ повикувајќи се на изјава од претседателот на судот, Бурим Сејдини. Тројцата судии кои одлучуваше, утврдиле дека нејзиното разрешување е незаконско, по што ја поништиле одлуката донесена од Судски совет.„Скопје1“ се обиде да стапи во контакт со Дамева, но таа не одговара на повиците. Непознато е дали ја добила одлуката и како ќе постапи сега, но и дали има координација со колегите од Судски совет.Правната фела ова го искоментираа ова како „судска игранка“ односно пршеседан кој не е запаметен. Според нив, токму поради ваквите преседани, се доведува во прашање кредибилноста на целиот Судски совет како највисоко тело во правосудната власт, па оттука, тие ќе речат: „Ни во детска градинка толку често децата не си ги менуваат улогите на претседател во нивната игра, како во највисокото судско тело“. Дел од фелата препорачува облигаторен, но комплетен реизбор.Разрешувањето на Дамева беше со жестоки кавги и обвинувања. Точката се разгледуваше јавно, се гласаше јавно, па гласањето се повторило на тајна седница.
Македонија | пред 1 година