„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

И вработен учествувал во нападот на вработени во контролата на летање - МВР со детали за случајот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
gasdg-1

Полицијата ја добило пријавата од нападнатите вработени во контролата за летање на скопскиот аеродром. Оттаму посочуваат дека постапуваат по истата.

— реклама —

„Денеска (04.01.2024) околу 15.15 часот во ПО Петровец лице вработено во МНАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата). Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатени кон местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“.

— реклама —

Случајот јавно го обелодени претседателот на Синдикатот на контроли на летање, Александар Тасевски. Тој кажа дека по прес-конференцијата на која беше соопштено дека 20 до 30 оставки ќе бидат поднесени од вработени во М-НАВ поради спорни вработувања на наместени конкурси, непознати лица влегле во М-НАВ, без да бидат застанти од обезбедувањето. Тие упаднале, прво вербално, па и физички се пресметале со дел од вработените.

— реклама —

„Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект“, напиша Тасевски.

kontrola-za-letanje

Нападнати вработени од контролата за летање на скопскиот аеродром, Тасевски тврди дека напаѓачите влегле слободно без да бидат спречени од обезбедувањето

Претседателот на Синдикатот на контроли на летање, Александар Тасевски, соопштува дека во објектот за контрола на летање, влегле лица и нападнале вработени. Случајот е пријавен во полиција, а доаѓа откако денеска, беше најавено дека 20 до 30 вработени ќе депонираат оставки, поради вработувањата кои може да предизвикаат проблеми во авиосообраќајот.„Пред околу 30 минути во објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кое излегле неколку лица кои влегле во објектот на контрола на летање и предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање, мои колеги. Случајот е пријавен во полициска станица Петровец, запознати се и министерот транспорт и врски и министерот за Внатрешни работи“, напиша Тасевски.Дој додава дека: „Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект“.Според него, ова е акт на насилство.„Овој акт на насилство не само што претставува закана за секој еден професионалец во контролата на летање туку и за безбедноста во авијацијата кога секој еден може од надвор да влезе во објектот и да нападне вработени кои во тој момент извршуваат работни обврски“, посочува Тасевски.Претходно:

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања