Двајца возачи загинаа во несреќата на патот Гостивар-Кичево
Од
Објавено на
Во 7 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на отворените сепарации (каменоломи) се случила сообраќајна несреќа.
Во неа учествувале две патнички моторни возила:„ауди“ со странски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Е.З. од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане.
„Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош“, велат од МВР за „Скопје1“.
Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото.