Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

„Службеник понижува, болни чекаат со часови, пасошите ги нема“ трката по документи ниси нови голготи и сведоштво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
Screenshot-2024-01-07-at-09.51.08

Пунктот за подигнување на документи од МРТВ работеше и за Бадник, а граѓаните одново се жалат на помината голгота. Иселеникот Дарко Ангелов сведочи дека се чекало со часови, ги опишува лошите услови, но се пожали и од односот на полициски службеник кој воспоставувал ред во чекалната. Ангелов посочува дека по долгото чекање, не добил ниту пасоши.

— реклама —

„Празнична голгота, кога дното нема дно! Од медиуми знаев дека е тотален хаос, но човек треба да искуси за да види колкав е колапсот на тоа што претендира се’ уште да е држава. Јас и најблиските, поради мојата професија живееме во странство, а и често патуваме. Затоа и неизбежно беше престојот дома да го искористиме за замена на пасошите, како што ни наложија властите без наша согласност. И што не пречека: пункт на МВР во МТВ, оддел за подигање на документи: огромна гужва, 2/3 пензионери, стојат со часови, залепени еден до друг, сите молчат бидејќи некој од МВР им се заканил дека ако вреват, сите ќе ги избркал…надвор се стемнува, во просторијата мрак, влага, ѓубре, нема вентилација, нема столчиња, а малкуте искршени…

Конечно после четири часа чекање, вратата се отвара, стампедо од очајни луѓе влетуваат… внатре не пречекуваат полураспаднати шалтери и еден исклучително нељубезен и агресивен униформиран припадник на МВР кој постојано викаше и се закануваше на мачениците кои чекаат дека ако зборнат и малку ќе ги избркал… се редат луѓе, на половина од нив им кажуваат дека џабе чекале со часови бидејќи документите не им се готови, понекогаш и по недели и месеци откако поднеле апликација за промена.

— реклама —

Од друга страна на шалтерот, хаос, по земја расфрлени документи, нема ни доволно полици, вработените нервозни и агресивни, влетуваат други вработени, на нешто што личи како носилка носат нови пасоши, се’ се расфрла наоколу. А од страна се носат преку ред ‘познати фаци’ и функционери кои веднаш завршуваат работа. За нас останатите, нема минимум систем, никаков концепт. Хаос кој зборови не можат да го доловат.

Мојата состојба, ко илустрација за маките на сите останати: мојот пасош бил одобрен, но не е отпечатен, тој на сопругата не знаат каде е, а на синот е отпечатен, но не е донесен…сите тројца поднесовме апликации во ист ден, ист час…апсурдистан без срам! Беше жално и траорно да се гледа оваа голгота, луѓе очигледно болни и изнемоштени кои по неколку дена чекаат со часови, само за таму некој службеник да им вика и да ги понижува… се’ ова, сред главниот град на земја која претендира дека е Европа, а не е достојна ни за Африка! На овој голем ден, останува да кажам, Господ да ни е напомош, иако и тој мислам веќе не може да ни помогне! Честит Бадник!“, стои во коментарот на Ангелов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања