Кој е таткото од Кичево кој си ја уби ќерката: Над 50 кривични, едвај 1 година затвор и ниту една пријава за семејно насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-40-9280PM

За дванаесет години, таткото кој си ја уби ќерката во Кичево, имал 50 кривични пријави и едвај една година затвор. Ова го покажува неговата кривична историја во МВР. Во ниту една пријава нема семејно насилство, но Центарот за социјални работи алармирал дека минатата година, мајката на убиеното девојче заминала од домот по расправија со таткото. Семејството има седум деца, убиеното е најмалото.

— реклама —

„Во периодот од 2011 до 2023 година, ОВР Кичево има поднесено околу 50 кривични пријави за сторени кривични дела кражба и тешка кражба.Во 2013 година со судски пресуди, Ф.Д. во два случаи бил осуден на затворска казна во траење од 6 месеци и 1 затворска казна во траење од 3 месеци. До овој момент во ОВР Кичево не е пријавен друг настан за семејно насилство сторен претходно од него“, велат од СВР Охрид.

— реклама —

Од Центарот за социјални работи се децидни дека никогаш не нотирале насилничко однесување кај родителите.

— реклама —

“Семејно насилство не е пријавувано,но на 21.07.2022 година ЦСР е известен од полицијата дека настанало недоразбирање и расправија помеѓу Ф.Д. и неговата сопруга на ден 26.06.2022 година по која расправија таа го напуштила домот и заминала во Прилеп заедно со децата.После еден месец таа се вратила дома заедно со децата и изјавила дека ги надминале недоразбирањата и продолжиле заедно да живеат.Од тој период до сега не се пријавени никакви проблеми од страна на ова семејство” велат од Центарот за социјални работи Кичево“, велат од ЦСР.

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Таткото и ги скршил черепот и ребрата на ќерката, девојчето имало и крварење на мозокот

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од ОбвинителствоЈавниот обвинител до судијата на пртетходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања