Македонија

Данела Арсовска влегува во „Нова Алтернатива“

Во среда, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ја промовира партијата чиј претседател ќе биде.

„Имаме чест да ве поканиме на конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива ѓа Данела Арсовска. Конвенцијата ќе се одржи утре 17.01.2024 (среда) во 18 часот“, стои во поканата до медиумите.

Основањето партија беше долгонајавувано од Арсовска.

„Toa значи дека сме во постапка да им покажеме на граѓаните дека може поинаку од овие изминати 30 години кога овие две политички елити само си ги менуваат позициите, а остануваат со истите ставови и едвај чекаат да ја зафатат фотелјата и да продолжуваат да го прават истото против кое претходно кажувале дека ќе се борат. Да им укажеме на нашите граѓани дека некој може да дојде и да работи поинаку. Се додека се прават работи за задоволување на индивидуалните потреби на некој од политичарите од оваа корумпирана политичка елита, нема да има напредок. Ако можам јас сама како индивидуалец да покажам дека може поинаку, верувам дека со сите луѓе кои ме поддржуваат, а голема е бројката на тие граѓани, ќе можам да покажам многу повеќе, кажа Арсовска во телевизиско интервју.

Таа стана градоначалничка со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток