Скопје

Полицајци принудени да пукаат во Чаир, откако еден бил прегазен – лицата кои биле таргет избегале

На 02.02.2024 околу 22.00 часот на подрачје на Чаир – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје се доближиле до патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., да извршат легитимирање на лицата во возилото.

Притоа, возачот го стартувал возилото и удрил еден полициските службеници, по што полициски службеници испукале два куршуми.

Набргу, возилото застанало, а лицата го напуштиле местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток