Македонија

Штрајкот во ФЗОМ ќе треба да запре, платите нема да им се намалат

В.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Асаф Абдурамани, соопшти дека е донесена одлука за иста вредност на платите до 31 мај 2024 година. Трпе Дејаноски од претседател на УПОЗ бараше платите да останат исти до крајот на годината.

„Почитувани колеги, соработници на Фондот за здравствено осигурување, денеска премиерот г. Талат Џафери во тесна соработка со нас како Фонд и други надлежни институции донесоа заедничка одлука за иста вредност на платите (до 31.05.2024 година). Оваа одлука ќе важи до трајното решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените. Му благодариме на премиерот Џафери и на владиниот кабинет за стручната поддршка за надминување на овој проблем“, вели Абдурамани.

Со ова, УПОЗ треба да го прекине штрајкот кој е во тек.

На почеток