ДПМНЕ нема план, со СДСМ има европска иднина, поголеми плати и пензии, ги обвини СДСМ
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/12/sdsm-56.jpeg)
„Дека ДПМНЕ нема план, ни јасен став за ниту едно прашање, граѓаните многу добро го знаат“, велат од СДСМ и додаваат:
ДПМНЕ е против членството во ЕУ, го блокира европскиот пат, но Мицкоски, нема став, не кажува која е алтернативата, кој е планот без членство во ЕУ.
Остро се противеше ДПМНЕ на Францускиот предлог, а кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание, пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став.
ДПМНЕ ширеше лаги за асимилација и бугаризација, кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание Договорот од Фронтекс пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став.
Со СДСМ државата има европска иднина.
Евроинтеграцијата значи и поголеми плати, повеќе и подобро платени работни места, значи силна економија и европски стандарди за живот.
Се наоѓаме во исклучително важен момент во македонската историја, пред единствена шанса која не смееме да ја пропуштиме, затоа што пропуштањето ќе значи, застој и уназадување на сето она што е постигнато досега, значи целосна изолација, со последици далеку посериозни од претходната декада режим.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)