Свет

Трошоците за транспорт на стоки од Азија во Европа зголемени за 400 отсто

Трошоците за транспорт на стоки од Азија во Европа се зголемени за 400 отсто поради нападите во Црвеното Море, изјави европскиот економски комесар Паоло Џентилони.

Поради гореспоменатите напади, времето за испорака на стока од Азија во Европа е продолжено за 10 до 15 дена, додаде Ѓентилони, пренесува Еурактив.

Тој очекува дека наглото зголемување на цените на транспортот ќе изврши одреден притисок врз инфлацијата во Европската унија.

„Јасно е дека натамошните прекини би можеле да предизвикаат нови тесни грла во снабдувањето што би го намалиле производството и би ги зголемиле цените“, смета европскиот комесар.

Џентилони, сепак, истакна дека во Европската унија и во еврозоната „се уште има услови за економско закрепнување“ и дека цените на енергијата сега се многу пониски од порано.

На почеток