„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Кои се најснежните градови во Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
helsinki_skyline61

Декември, јануари и февруари традиционално се резервирани за уживање во снегот. Според статистичките податоци, во Европа има одредени градови каде снежната идила трае уште подолго, а има изненадувачки многу снег. Најснежните градови обично се оние лоцирани во близина на високи планински масиви или на многу високи географски широчини каде што зимите се екстремно студени.

— реклама —

Еве неколку примери на градови кои се познати по обилните снежни врнежи:

Талин, Естонија

— реклама —

На прво место на листата на градови со најмногу снег е Талин, со богати 20,5 снежни денови во декември. Градот е на листата на културно наследство на УНЕСКО како еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа, а престојот во него во зима е нешто многу посебно.

Вилнус, Литванија

На второ место е Вилнус со 18,5 снежни денови месечно. Главниот град на Литванија е најпознат по својата барокна архитектура и исто така е на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Ерфурт, Германија

Ерфурт е на трето место со 17,5 снежни денови месечно. Во него живеат околу 200.000 жители, а целиот град е како од бајка. Сите куќи се изградени во ист стил, што дополнително го зголемува шармот на овој мал град.

Турку, Финска

Турку е најстариот град во земјата, се наоѓа на југозападниот брег, а го красат бројни замоци кои датираат од 13 век. Таа е на четвртото место со 17 снежни денови месечно.

Хелсинки, Финска

На петто место е главниот град на Финска со 16,5 снежни денови месечно. Хелсинки е познат како местото каде Дедо Мраз се чувствува како дома, град кој привлекува туристи со својата архитектонска убавина, бројните музеи, изложби и фестивали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања