„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Предлози за изменување на Законот за игри на среќа - евтини политички поени кои се закана за буџетот на Северна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Casino

Пендаровски одби да го потпише Указот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со што покажа дека е одговорен политичар. Проблемот со обложувањето на малолетните лица никаде не е решен преку оддалеченоста од објектите на легалните приредувачи на игри на среќа, што го потврдуваат светските истражувања.

— реклама —

Законската одредба со која би се дефинирала минимална оддалеченост од 500 метри меѓу обложувалниците и образовните институции предизвика голема бура од реакции во јавноста, па сега се враќа во редовна собраниска процедура. Претседателот на државата Стево Пендаровски, одлучи да не го потпише Указот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри со кој се предвидуваат нови цени на лиценците, како и забрана за работа на 500 метри од училиштата. На овој начин Пендаровски покажа дека е одговорен политичар, бидејќи го спаси буџетот на Македонија од неодговорни поединци.

Имено, странските инвестиции се заштитени со закон, па во случај на тужби од инвеститори, Северна Македонија би морала да плати милионски надомест во арбитража пред Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови.

— реклама —

Дополнително, проблемот со обложувањето на малолетници, никаде во светот не е решен со оддалеченоста на објектите на легалните приредувачи на игри на среќа. Ова го потврдува канадската студија „Мапирање на распространетоста на проблематичното коцкање и неговата поврзаност со пристапноста и близината на местата за коцкање“, која не открила врска помеѓу постоењето на коцкарски објекти на оддалеченост од 500 метри од училиште и обложувањето на малолетниците во нив. Јасно е дека проблемот се решава исклучиво со забрана за влез во објекти каде се приредуваат игри на среќа и со строга контрола, што е веќе регулирано со закон.

Предложените измени предизвикаа бурни реакции во јавноста, а беа проследени и со коментари дека отвораат пат за бизнис на луѓе блиски или од владејачката ДУИ. Главниот аргумент на Пендаровски беше дека има злоупотреба на европското знаме.

По нападот врз Пендаровски од политичката партија ДУИ, дека со непотпишувањето на законот го штити криминалот, реагираше претседателот и посочи дека ова е првпат Европската унија писмено да реагира да не се злоупотребува европското знаме.

Тој додава дека писмото од ЕУ во кое јасно стои дека не била испочитувана процедурата за донесување на законот, освен до претседателот, е упатено до Владата и до Собранието.

„Со ова писмо треба да бидат запознаени и Артан Груби, како и сите членови на Владата“, рече Пендаровски.

Враќањето на Законот за обложување во парламентот мора да биде во редовна процедура, без европско знаменце. Сосема е јасно дека предложените измени на законот се само уште еден обид за евтини политички поени. Тоа е потег кој не успеа ниту во соседна Србија, а познато е дека проблемот се решава исклучиво со забрана за влез во објекти за игри на среќа и со строга контрола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

image_123650291-1

(Видео) Драматични промени кај казината: Затворање на онлајн коцкања, ново даночење и кочница во рекламирањето

Македонија | пред 1 година

canmathshelp

Казината среќни: Вработените се заштитени! Остануваме конструктивен партнер за вистинска јавна дебата за игрите на среќа

Македонија | пред 1 година

canmathshelp

Асоцијацијата на обложувалници: Примерот со Албанија ги потврди нашите апели – ограничувањето на легалните игри на среќа ја отвора вратата за игрите на црно

Македонија | пред 1 година

pendarovski-696x393

Европска Унија за првпат реагирала за злоупотреба на европското знаменце кога се носел Законот за игри на среќа

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања