Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Нема обрасци за пасоши, ниту термини, а по готовите документи се води потрага, а во МВР истрага оти се случил хаос со нарачката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vgdfs

Нема термини, но нема ниту обрасци за пасоши, а во Министерството за внатрешни работи се води и внатрешна истрага оти најавените 400 илјади не стигнале поради измена на договорот со фирмата која ги испорачува. Услугата за електронско закажување на работи, укажуваат граѓаните, а телефоните се постојано зафатени и тешко е да се стигне до оператор. Упорноста ретко се исплати, а граѓаните вртат од утро до мрак за да го поминат само првиот чекор: закажување на термин.

— реклама —

Според сведочењата, над 200 пати треба да се повика бројот 071 929 292. Но и тоа може да е залудно. Линиите најчесто се блокирани. Кога ќе се стигне до оператор, терминот може да биде и за по летните месеци. За итна постапка, се чека и до месец за фотографирање, со што почнува процесот на изработка. Утрово во МРТВ немаше гужви, термините се почитуваа.

Но, оттука почнува голготата. Граѓани кои се фотографирале кон крајот на декември како за пасош, така и за возачка - се уште не можат да дојдат до документите. Тие сведочат дека кога биле на пунктот за подигнување по 15 работни денови, документите не им биле таму. Првото оправдување било дека не биле изработени, за потоа, да им биде кажано дека им се пратени на домашна адреса. И додека одговорноста се префрла, достава нема.

— реклама —

Голем дел од граѓаните бараат начини да дојдат итно до пасоши поради неодложни обврски во странство. Но, од првично нарачните 400 илјади обрасци за пасоши, средината на февруари, според Телма, стигнале само 20.000 обрасци. Зошто е волку голема разликата - нема одговор. Внатрешна контрола сега истражува кој и зошто изменил одреден акт во декември, за добавувачот да има можност да испорача помалку обрасци - иако по пунктовите е „тепачка“ за пасоши.

„Во врска со договорот за набавка на патни исправи, ве информираме дека за истиот е отворена постапка при одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од МВР.

Уште кога стапи на функцијата државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски кажа дека со обвинителите ги следат случувањата со издавање на лични документи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања