Македонија

Двојно убиство во Куманово, едно лице се бори за живот – полицијата со детали

Повеќекратно убиство се случи во Куманово, потврдуваат од МВР за „Скопје1“. Според првичните информации, брат пукал во сестра му и нејзините синови.

„На 21.02.2024 година во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш,кумановско поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., додека Ж.Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово“, велат од МВР.

Жената и 38-годишникот починале, третото лице се бори за живот. Увидот е во тек.

На почеток