Големата вест на Ахмети: Бујар Османи кандидат за претседател од ДУИ

Од
Објавено на

Бујар Османи ќе биде претседателски кандидат на ДУИ. Ова е големата вест која ја соопшти лидерот Али Ахмети на прес-конференција, најавена од вчера.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети имаше јавно обраќање денес во кое го најави, како што рече, најважниот референдум во Македонија – што го сумираше во реченицата „ Кажете НЕ на Русија, ДА на Европа!“
Тој ги повика граѓаните да изберат претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство, според Бадентер.
Османи влегува во тркага со Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, како и со Билјана Ванковска.
