🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Состојбата во државата бара да не седиме и да коментираме, време е национално единство во секој поглед, вели Давкова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
gordana-siljanovska-davkova

Тешко носам одлуки, но стојам зад нив. Состојбата во која се наоѓа земјава бара од нас да не седиме како во ложа и да коментираме, туку да сториме нешто. Еден ден со право ќе не прашаат каде бевте и што правевте со државата која вашите татковци и дедовци ви ја дадоа, изјави професорката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во „Тема на денот“ на Сител телевизија запрашана за тоа зошто по втор пат влегува во трката за претседател на Македонија.

— реклама —

Силјановска Давкова истакна дека уште една од причините поради кои се нафати на кандидатура е дека за секој од нас е тешко да чуе дека однадвор имаат поголем респект за државата, отколку државата за своите граѓани и граѓаните јасно ја гледаат ситуацијата во која се наоѓа државата.

- Мислам дека амбиентот сега е поинаков од минатите избори, граѓаните ги споредуваат мојата четири годишна работа во Собрание и пет годишната работа на Пендаровски. Покрај тоа консолидацијата во ВМРО-ДПМНЕ е на далеку повисоко ниво од минатите избори, некогаш и патот е важен како и резултатот, потенцираше таа.

— реклама —

Силјановска Давкова во однос на тоа какви каква кампања очекува и дали ќе добие поддршка од другите противкандидати во вториот круг изјави дека очекува витешка битка, а воедно очекува и поддршка од сите останати затоа што луѓето се ценат по стручност и компетентност.

- Што се однесува до битката, знам дека битката дека меѓу мене и колешката Ванковска ќе биде витешка, можеби е време да покажеме ние жените дека е време за витешка битка, очекувам дијалог со аргументи, а за останатите мислам дека во вториот круг ќе ме поддржат. Ако сте опозиционер логично да ја поддржите опозицијата. Меѓу пратениците јас не правам разлика по етничка или партиска основа, имам луѓе со кои одлично комуницирам по принцип на стручност и компетентност. Имам и побратим Албанец во семејството, време е за национално единство во секој поглед, надминување на партиските разлики коа се работи за прашања од државен карактер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања