Македонија

На пладне протест пред Правда против извршителите: на лице место ќе се пополнуваат барања за застарување на долг

Граѓанската активистка, Ана Глигорова, најави протест пред Министерството за правда, а е повторно против извршителите и за почитување на законот со кој долговите застаруваат и се отпишуваат. Тој ќе се одржи утре во 12 часот. Таму ќе има и барања за застарување на долг, кои можат да се потполнат на лице место.

„Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, секој од вас кој сака да поднесе барање за застарување на долг (10 години од издавање на извршна исправа) или да поднесе приговор за нерагуларности од извршувањата ( пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат,…) ќе ИМА ГОТОВИ ИСПРИНТАНИ ТЕРКОВИ СО БАРАЊА ДО МИНИСТЕРСТВОТО КОИ ЌЕ ГИ ПОТПОЛНИМЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО И ЌЕ ГИ ПРЕДАДЕМЕ НА ПРИЈАВНИЦА. Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите за новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега. Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден.

Земете слободен ден, час од работа, ослободете се да можете да дојдете за да потполните и предадете. МНОГУ Е ВАЖНО ЛИЧНО ПРИСУСТВО СО ЛИЧНА КАРТА И ФОТОКОПИЈА НА ДОКУМЕНТИТЕ! (личните податоци ви требаат за пријавницата во министерството)“, напиша Глигорова.

Протестот претходно го најави и експратеникот и политичар, Самка Ибраимоски.

На почеток