Македонија

Доаѓа лето во пролет -Температурите драстично ќе се покачат, и до 30 степени

Од денес, па се до крајот на оваа недела во Македонија следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала локална облачност. И понатаму ќе го имаме ветерот од јужен и од југозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Во деновите кои што се пред нас, како што и претходно најавивме, територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре према нашите краишта. Температурите значително ќе се покачат и во следниот период тие ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, односно тие ќе бидат рано-летни.

Насекаде температурите низ Македонија ќе надминуваат 20 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 25 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија температурите ќе се искачат до околу 30 степени.

Во Скопје и околината исто така ќе има многу сонце, но повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец. Температурата во следните денови ќе биде рано-летна и ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 26 степени.

На почеток