Македонија

Агендата на Пендаровски: Отвора штаб на 4-ти април, ќе оди на мастер дебата, му реагирале оти Јакимовски треба да е повикан

Стево Пендаровски почнува со кампањата во Скопје со отворање на штаб на 4-ти април. На 2-април, пак, ќе биде конвенцијата на Пендаровски. Штабот на Пендаровски ќе биде на улица Македонија, а од неговиот тим, најавуваат дека ќе биде постојано отворен. Дебати со противкандидатите се планирани на неутрален терен, а ќе има минимум една која ќе може да се емитува на сите медиуми во живо. Од Тимот на Пендаровски кажаа дека

„За некој од штабовите спорен е Стевчо Јакимовски поради тоа што е на црна листа и наративот кој го има“, кажаа од тимот на Пендаровски на брифингот со новинарите. Тие додадоа дека Пендаровски нема проблем да се појави со сите, бидејќи сите се негови противкандидати.

Вкампањата е предвидено Пендаровски да посети 60 населени места.

Од Тимот за комуникации, посочуваат дека Пендаровски ќе треба дополнително да одлучи дали ќе се појавува по подкасти, а тоа ќе биде по принцип: или ќе гостува на сите подкасти или никаде.

Пендаровски вечер организира ифтар, а за Велигден ќе има ручек. Поканети се сите противкандидати, а кој ќе дојде не се знае.

На почеток