Македонија

Возрасен маж повеќе од една година сексуално злоставувал малолетничка

49-годишниот Ј.К од општина Конче бил приведен вчера под сомнение дека во периодот од почетокот на 2022 година па до ноември 2023 година во повеќе пати сексуално злоставувал малолетничка. Тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во судот во Струмица.

„На 30.03.2024 во 17.25 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Ј.К.(49) од село во општина Конче. Тој се сомничи дека во периодот од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од село во општина Конче. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот и поднесување на соодветна пријава, во текот на денот Ј.К. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, се вели во соопштението од МВР.

На почеток