„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Која е причината за пукањето во Арачиново: застреланиот опериран, изваден куршумот од десното рамо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-04-01-at-19.00.33

Возачот на градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, кој беше погоден при обидот за атентатот врз функционерот, е во стабилна состојба. Ова го потврдуваат од болницата каде бил опериран.

— реклама —

„Едно лице е донесено со прострелна рана во десното рамо. По приемот, опериран е и изведно е метално парче. Вон животна опасност. Ќе биде задржан поради раната“, вели Љубен Арсенков, директор на Клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ за возачот на градоначалникот на Арачиново.

Состојбата на второ повредено лице засега е непозната. Тој е пренесен во Ургентниот центар на Клинички.

— реклама —

Се огласија и од Обвинителството.

„Во врска со настанот во Арачиново, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место, издаде наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења. Ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија“, велат оттаму.

Според неофицијални информации, причината за пукањето е расправија за земјиште кое се наоѓа во Арачиново. Ова не е прв напад бидејќи претходно, мета беа општинските канцеларии кои беа искршени, а настанот беше пријавен во полиција. Наводно, напаѓачот е брат на осуденик за извршено убиство во Липковско во 2010 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања