„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Мајката на Данка Илиќ: Чекаме да заврши сето ова, само таа да се врати жива и здрава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
danka

Потрагата по двегодишното девојче Данкa Илиќ, коja исчезна пред точно седум дена во Бањско поле во Бор, се уште трае. Полицијата постојано ја пребарува секоја педа од местото каде што последен пат е видено девојчето, а еден сегмент од истрагата е фокусиран на видеото снимено од српски државјанин во Виена, на кое се вели дека детето исчезнало. Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, првпат по исчезнувањето на Данка, за Нова.рс открива дали го гледала видеото наводно од девојчето, но и колку е повредена од медиумските шпекулации дека таа стои зад се.

— реклама —

Ивана наведува дека таа и нејзиниот сопруг се заедно, дека секојдневно се борат нивното дете што побрзо да се врати дома, но и дека со денови се шират бројни гласини за неа.

„Се држиме колку што можеме, само што побрзо да ја најдеме Данка. Чекаме сето ова да заврши, се надеваме на најдоброто, а потоа јас и мојот сопруг јавно ќе се огласиме и ќе одговориме на сите навреди, прозивки, небулози. Ме болат сите овие шпекулации, обвинувајќи ме мене и мојот сопруг“, вели депресивната Ивана.

— реклама —

Ивана ни открива што се крие зад пишувањата на одредени таблоиди, дека со вештачење на нејзиниот телефон било откриено дека ги пребарувала граничните премини со Романија, но и колку криминално може да одговара.

„Телефонот ми беше на вештачење. Да беше така, јас немаше да бидам мајка што го бара моето дете, мојот статус ќе беше друг. Сакам само Данка да се врати жива и здрава, па потоа ќе разговараме за се“, вели Ивана за Нова.рс.

На прашањето дали го гледала видеото од Виена на кое наводно се гледа нејзиното дете, Ивана вели дека го гледала.

„Го гледав видеото, но поради текот на истрагата не ми е дозволено да коментирам. Секоја чест за полицијата, луѓето не спијат, бараат деноноќно. Се надевам дека што побрзо ќе го гушнеме нашето дете“, вели мајката на исчезнатата Данка.

На прашањето дали се надева дека нејзиното дете е добро, Ивана вели дека нема да верува во спротивно.

Не сакам ни да размислувам за друга опција“, заклучува Ивана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања