Скопје

Лекарот најден мртов во Железара не бил убиен во автомобил туку таму бил однесен, Обвинителството ги чека МВР да го најдат убиецот

Дополнителниот-заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев за „Слободен печат“ изјави дека лекарот најден мртов во Железара не бил убиен во автомобилот туку таму било донесено телото. Ова пак, не го потврдуваат ниту демантираат од Обвинителството кои посочија да не се изнесуваат чувствителни информации во јавност, а додадоа дека не можат да кажат ништо оти МВР не го нашло убиецот.

„Колегите сè уште работат, ги собираат информациите од терен, подигнати се доказите од автомобилот кој е најден, каде што е најдено лицето и според наши сознанија и според тоа што досега е утврдено можам да потврдам дека лицето не е убиено во автомобилот, туку е донесено во автомобилот. Повеќе не би можел да откријам за да не ја нарушиме истрагата“, рече Бојмацалиев.

Обвинителството посочува дека сторителот не е откриен.

„Откривачката улога во случајот ја има Министерството за внатрешни работи, а Јавното обвинителство ги издава сите потребни наредби и насоки за откривање на сторител и за целосно расчистување на настанот. Со оглед на тоа што МВР се уште не идентификувало сторител на кривично дело, Јавното обвинителство не е во можност да споделува детали кои можат да ја загрозат постапката. Апелираме и до другите институции во оваа фаза на постапката да се воздржуваат од изнесување информации од чувствителен карактер, бидејќи сторителот се уште не е откриен“, вели Обвинителството.

На почеток