Македонија

Тошковски за филмската кражба на сеф во Црниче: Директорот на БЈБ е прва виолина за расчистување на вакви случаи

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, треба да издаде наредби со кои, треба да ги открие крадците на сефот од банкомат поставен во маркет во Црниче. Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој посочи дека во рамки на Министерството се преземаат оперативни дејствија.

„Од страна на службите во рамки на Министерството, се преземаат сите оперативни дејствија за да се расчисти овој случај. Повторно напоменувам дека златна команда и императивна улога во рамки на ова што го напоменувате е директорот на Бирото за јавна безбедност. Тој е прва виолина за командување и спроведување до најниско ниво. Се надевам дека ќе се расчистат овие случај до избори, а сигурно по избори, се што не е расветлено, ќе биде расветлено“, рече Тошковски.

Досега, краците не се фатени.

На почеток