(Видео) „Се слушнаа експлозии“ – четири возила изгореа на паркинг кај Водовод, покрај кеј
Од
Објавено на
Четири автомобили горат на полигонот под Амбасадата на САД, веднаш до кејот на Вардар и објектот на „Водовод“. Просторот се користи како паркинг, а особено за викендите е препоплн.
Очевидци за „Скопје1“ раскажуваат дека се слушнале и неколку експлозии, а дека пожарот брзо се проширил.
Граѓани панично ги ваделе автомобилите од просторот, во страв дека пожарот може да се прошири. На местото пристигнаа и пожарникари со Противпожарни возила
Повеќе информации се очекуваат за подоцна. „Скопје1“ контактираше и со МВР, чии екипи треба да го обезбедат местото.