„Сите кои ја знаат Универзалната сала, сме погодени она што денес, за жал, и се случи. Таа е симболот на културата во Скопје. 2016 имаше проект за нова сала во форма на јајце, но имаше многу реакции. За вториот проект, со кој се задржа изгледот и кој имаше и подземно паркирање, повторно имаше негодување”, рече поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски во вонредниот Претрес со Кристијан Ландов.
https://www.youtube.com/live/7shYtlXjLGE?si=lfII-DS17srUka3Y
„Со овој проект, рече Трајановски, отидов во 2017 кај тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски на кого му реков дека ќе биде запаметен.
https://www.youtube.com/live/u1HQ_fOUtX0?si=ydc7Ha-TZPOXs9ei
Ништо не бидна од ова.
Шилегов вети дека ќе му биде ова прв проект, но тој нарача нов проект без паркирање. Ова е капитален проект и треба да биде финансиран од Владата. Ако бев градоначалник до 2021 ќе ја отворевме новата Универзална сала”, рече Трајановски.