Македонија

(Видео) Вистината за „Рекет“ според Боки 13: што имало во торбата, каде е однесена, дали клучот бил Катица Јанева

Бојан Јовановски-Боки 13 во подкастот „Лазаров“ раскажа за случајот „Рекет“. Тој кажа и за средбите со бизнисменот Јордан Камчев, потоа и за тоа зошто се среќавале.

„Излегува Кичеец со кеса Космо, влегува со истата кај Јордан Камчев. Тој инсистира да се сретнеме со Камчев, а јас, верувајте не сакам да се сретнам во тој момент поради тоа што јас го знам Камчев преку 20 години, уште кога беше во брак со Огла, а не сум имал афирмативно мислење“ рече Јовановски.

„Јордан Камчев првиот пат не ме повика за Катица Јанева, туку за Наум Пановски од ОЈО-ГОКК. Овие концертиве кои ги споменав (на Северна и Марија Шерифовиќ кои ги организираше БМЈ Груп), каде Кичеец беше цело време со мене, ја виде мојата близина со обвинителот Наум Пановски. Кога седнавме во Сушико на масата, ми рече ако можам да помогнам за два предмети и две постапки кои се водат против Јордан Камчев во ОЈО-ГОКК, кои ги води Пановски – за едната ги имам и документите, за оштетување на буџетот на Македонија, за наплата на пари од Фондот за здравствено осигурување, за умрени луѓе се наплаќале пари како да се оперирани. Имаше уште една постапка за центри за дијализи. За овој случај имаше само обвинение за Вера Ивановска и со нив имав контакт. Ме повика (Камчев) за тој случај и ми го кажа следново: дека за прдметите од СЈО им е завршена работата и дека има потврда од првиот, тоа е Зоран Заев. Од тука почнува комуникацијата, се оди според книга. До овој момент не ја знам Катица Јанева. Ја познавам тек септември 2018 година. Требаше да гостува во ‘Лица’ кај Анета Кочишки“, рече Јовановски.

Јовановски додаде: „Катица носи вина, дозволи Заев да изманипулира до последно“.

„Зоран Заев ми кажа дека Катица треба да омекне, за ова имам материјален доказ, бидејќи пратеничка на Камчев (не ме држете за збор) и лица на Сашо Мијалков нема да гласаат за уставните измени. Јас му пишувам порака ‘да се слушнеме за тоа што ми рече, за омекнување на К’. Катица Јанева гостува кај Гордана Дувњак кај нас, зборува за Империја, а не ја договорив јас сам, еве Дувњак е жива и здрава… Да скратам, Зоран Заев е човекот кој на 27 април 2017 година изврши влиајние за да им се даде куќен притвор на сите од ‘Имеприја’ од ефективен во куќен притвор и за да се донесе законот за СЈО. Завршува тој период, Јордан Камчев влегува во куќен притвор и од тука тргнува мојата катаклизмична притвор“, додаде Јовановски.

Посочи дека секоја вечер, со Кичеец, оделе кај Камчев дома. Посочи дека торбата „Луј Витон“ ја земал и носел Кичеец, па што имало во неа, тој не знае.. А откако ја земале, него го оставил, и според Боки 13, Кичеец заминал на средба со Вице Заев.

„Така настануваат снимките, сме зборувале за неговиот предмет 100 пати. Тој ме залажуваше дека ќе купел франшиза, ветувал бизниси и дека затоа е побрзо да го заврши процесот каде се претставуваше како невин. Тоа што стоеше во диспозитивот, дека Камчев требало да се спогоди и да добие ниска казна, тоа го направи со Вилма Русковска. Јас сум осуден за ова. Точно е сме зборувале, но тоа не се случувало во време на Катица Јанева, туку во време на Русковска“, посочи Јовановски.

Според него, ако имало пари, ќе биле обележани парите, лесно ќе ги фателе.

„Велат ‘нема тело, нема дело’, овде нема тело, а има девет годишна затворска казна“, додаде Јовановски.

Кажа дека има само една желба: вистината да излезе на виделина, а на криминалците да им се суди.

„Дека јас имам своја вина, си имам. Мојата вина е тоа што се впуштив во една игра, тоа што ме снимал, сум зборел за постапки и бизниси, сум мислел дека сум на тоа ниво дојден, за да преговарам со човек кој ја испокрал цела Македонија, без курлуплозно. Сум се заплеткал во една мрежа од која сум милсле ќе излезам лесно, али не сум можел..“, посочи тој.

Прашан каде завршувале парите од Луи Витон: „Парите завршувале таму каде што завршувале сите пари од државава. Стојам зад тоа што сум го кажал. Јас сум се плеткал, сум сакал да заработам. Сум бил злоупотребен. За овој случај, Орце Камчев знае најдобро каде давал пари и со кого правел комбинации. Мислите дека случајно Зоран Милевски призна вина? За Катица Јанева одговорно тврдам дека никаква вина, нема земено ниту едно евро. Катица Јанева имаше многу маани оти му ги удоволуваше желбите на Заев. Мене Заев ми кажа: Катица Јанева да не се занесува утре можам да свикам Собрание и утре да ја нема. Тоа и се случи“.

Потоа, Јовановски додаде: „Јас сум човекот кој беше делегиран од Зоран Заев да преговара со Сашо Мијалков, а Мијалков бараше да му ги олесни кривичните постапки. Не сум ја знаел тежината на сето тоа. Јас сум мислел дека сум елоквентен и интелигентен и дека ќе се справам со сето тоа“.

Зоран Заев кај мене во телевизија рече дека нѐ следат странски служби, рече Јовановски, кој потоа посочи дека Јордан Камчев ангажирал бугарски служби од кои добивал насоки како да снима за „Рекет“.

„Јас сум осуден поради гардеробата, тоа е доказот во постапката. Јас во таа судска постапка каде раководеше Васка Николовска-Масевска, бев следен со една нечовечка должност.. Ми одзедоа се од гардероба дека сум купул од ноември 2018 до март 2019.. Ми одзедоа уметнички слики, наочари.. Приватно што ме покрадоа, ме покрадоа.. тоа не сум очекувал..“, додаде Јовановски.

Кажа дека за неговиот лик и дело ќе има филм. Потоа на прашање за Лила Филиповски, во какви односи се, Бојан Јовановски рече дека со агент провокатор го местела Сергеј Варошлија во празен кафич за да го намести за случајот „Рекет“ и го прашувала каде е торбата „Луј Витон“.

„Ја знам колку е погана, лоша и безобразна. Мизерија. Јас не сум човек кој е насилен, ниту сум извршил насилство, ама не знам што би направил кога би ја сретнал. Насилство не. Сеа размислувам дали би и кажал ништо – не. Дали би ја плукнал – не, мојата плунка е повредна“, додаде тој.

На почеток