Скопје

(Фото) Тешка сообраќајка во Карпош 4: автомобилот преполовен, има повредени

Мотор и автомобил се судрија во Карпош 4, во близина на „Сити мол“ односно на булеварот „Партизански одреди“. Според првичните информации има повредени лица, но детали не се познати.

На помош притрчале случајни минувачи за возачите и патниците. Автомобилот од силината на ударот, се свртел во спротивна насока.

Несреќата е случена на потегот од Партизански одреди каде има обележан пешачки премин, а истовремено, се вози над дозволената брзина и неретко има трки. На ова место пред неколку денови имаше и протест со барање да се стават семафори, бидејќи често има жртви.

Засега не е позната причината за несреќата. Полицијата го обезбедува местото и се очекува да започне увид.

Повеќе детали се очекуваат од МВР.

На почеток