Ексградоначалникот на Ѓорче, Наумоски, доби кривична пријава: го сомничат за злоупотреба на службената положба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
245063986_2642195575927263_5389386309160557712_n

Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против ексградоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски. Министерот Панче Тошковски објави дека Наумоски се сомничи за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Според Тошковски, ексградоначалникот ги пречекорил границите на своето службено овластување, па рекоструирал игралиште на средно училиште, иако тоа не било негова надлежност.

— реклама —

„Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен Градоначалник на една скопска Општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело "Злоупотреба на службената положба и овластување" согласно член 353 од КЗ.

— реклама —

Имено, истиот на ден 04.08.2021г. со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес по спроведена постапка за јавна набавка на работи - реконструкција на спортски игралишта на територија на Општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортското игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на Градот Скопје.

— реклама —

На тој начин пријавениот го оштетил Буџетот на општината за износ од 662 885 денари кои средства му биле исплатени на избраниот економски оператор за реконструкцијата на тоа игралиште.

Во координација со СВР Скопје, Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава“, објави техничкиот минситер Панче Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања