Четириесет и четири години без Јосип Броз Тито
Денеска се навршуваат 44 од смрта на доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито.
Тој беше роден 1892, а почина во 1980 година.
Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили.
Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, НАТО и Варшавскиот договор. Беше доживотен претседател на поранешна Југославија.
Многу контроверзи и различни мислења се поврзани со Тито.
На неговиот погреб во Белград присуствуваа повеќе од 200 државници и истакнати личности од целиот свет.
За едни Тито и денес по толку години од смрта , тој е симбол на правда, подобар живот, голем надворешнополитички углед, а за други пак, кои го преживеаја и Голи оток тој е диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.
Традицијата и денеска продолжува, голем број граѓани од републиките на поранешна СФРЈ сè уште доаѓаат неговиот гроб. Куќата на цвеќето досега ја посетиле повеќе од 20 милиони луѓе.