Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) Боки 13 за пријава од Кичеец: Заканувачот и насилникот пријавува некакво насилство, очекуван ми е неговиот страв

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_3884

Бојан Јовановски-Боки 13 посочи дека Зоран Милевски-Кичеец го пријавил поради статусот во кој вели дека лица блиски до него пробуваат да го замолчат. Посочи дека Кичеец е дел од неговите кривични пријави за сторени кривични дела за кои тој има докази па додаде: „Тоа ќе биде предмет на постапка, а ова го чувствувам како директен притисок бидејќи се случи вчера кога скоро цела држава знаеше дека имам јавен настап, најавено интервју. Пријавителот, Кичеец, беше еден од лицата за кои зборував“.

— реклама —

„Од авион се гледа дека е тенденција во прашање, притисок во прашање. Знаете како човек кој цел живот се заканувал и се занимавал со таков тип на работа, овде единствено што ми се поклопува е да ја кажам онаа народната: кога крадецот вели држете го крадецот. Така што, заканувачот и насилникот пријавува некакво насилство. Беспредметно е и трошење време за полициските службеници кои мора да ја запазат формата“, додаде Јовановски.

— реклама —

Тој додаде и: „Јасен ми е стравот на Зоран Милевски-Кичеец, очекуван. Поради тоа што, човек кој толку многу се огрешил пред законот, а не одговарал за сите грешки соодветно, човек кој нанел многу злодела за кои не бил санкциониран навремено, очекувано е да има вакви потези како овие. Јас сум решен, ова е почеток на конечна битка и разрешница со цела криминална банда, а во таа криминална банда еден од предводниците е Зоран Милевски-Кичеец“.

— реклама —

Прашан дали се плаши дека може да биде ликвидиран, тој рече: „Не. Знаете како, има непријатност и немагодност која се случи вчера повеќе поради семејството. Да се разбереме, докажано е дека овие луѓе се спремни на многу работи, дека се спремни на се – покажано, докажано, видено, чуено. Не се санкционирани за своите постапки соодветно поради дерогираниот систем во кој живееме. Но дека може да се очекува се, особено кога давеник се фаќа за сламка спас... Па така не можам да кажам дека имам конкретен став, но треба да бидам претпазлив“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања