Македонија

Бојкот на претседателски досега нема, но излезноста до 9 часот помала споредено со претходните избори, вели ДИК

Нема бојкот на претседателските избори смета претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Тој посочува дека сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател. Излезноста до 9 часот намалена во однос на претходните избори за претседател и пратеници.
„До 9 часот од пристигнатите податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 1009 ИМ од вкупно запишани 547041 гласачи на овие избирачки места гласале 22797 лица, односно 4,17%. Најголема излезност за претседателските избори има во Пробиштип – 8, 85%, а најмала излезност е во Боговиње 0,57%. Споредбено со вториот круг од претседателските избори од 2019 година имаме намалување на излезноста од 1,99 на овие избори, кажа претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
Укажа и на одредени технички проблеми.
„На неколку места се појавени технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стар начин со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, во Куманово, во Тетово и во Гази Баба“, вели Даштевски.

На почеток