ВМРО-ДПМНЕ 58, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица и ЗНАМ по 6 пратеника
Од
Објавено на
Според податоците од Државмната изборна комисија, од обработени повеќе 99,6% податоци од избирачките места, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во новиот парламент ќе има 58 пратенички места, ДУИ со 19 пратеници ќе има еден пратеник повеќе од коалицијата предводена од СДСМ кои влегуваат со 18, коалицијата ВРЕДИ ќе има 13 пратеници, додека движењето ЗНАМ и Левица по 6 мандати.
Според одредбите од Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.