Македонија

19-годишник со возилото излетал од патот, со тешки повреди се здобила сопатничката

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Битола

На 14.05.2024 во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на надвозник Глумово, патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(19) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.Ш.(18) од с.Ласкарци, скопско, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток