Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Возилото на директорот на „Идризово“ е седмо кое е опожарено: има сомнежи дека нарачките се од затвореници, целта заплашување, но сторителите неоткриени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
00013.00_00_06_00.Still001

Повеќе од една година, автомобилите на вработени и раководни лица во затворот „Идризово“ се мета на неоткриени пиромани. Заедничко за сите случаи е што автомобилите се запалени среде ноќ, а сторителите не се откриени. Сите пожари се подметнати. Извори за „Скопје1“ велат дека целта е заплашување, а станува збор за нарачки кои можеби доаѓаат и од затворот.

— реклама —

Возилото на директорот на затворот, Зоран Јовановски, е седмо кое беше опожарено. Претходно, пред точно една година, пред џамија запален беше автомбилот на заменик-директорот Феми Јонузи. Истиот месец изгоре и возило на чувар во скопско Ново Село. Гореа и автомобили на други вработени. Сите случаи се во рацете на полицијата.

— реклама —

Истовремено, директорот Јовановски укажуваше дека вработените во затворот добиваат закани од затвореници, потоа побара и заштита од МВР односно обезбедување на нивните домови. Ова не им беше овозможено од тогашното раководство на МВР - со образложение дека тоа не е изводливо и дека немаат капацитет.

— реклама —

Доколу се гледа фактолошки, ваквите пиромански чинови на заплашување доаѓаат откако во „Идризово“ има претреси или преместување на затвореници од едно во друго крило. Оттука и дел од сомнежите дека нарачките доаѓаат од зад решетките.

Засега нема информации од МВР до каде е расчистувањето на случаите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања