🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Утврдени сите детали: Заврши истрагата за луѓето на Палчо кои признаа вина за убиствата на Вања и Панче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ubijci-vanja-2

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапка и е на пат да покрене обвинение против сите осомничени во случајот за убиствата на 14-годишна Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. „Скопје1“ дознава дека решенијата се доставени до сите освен Љупчо Палевски-Палчо поради тоа што тој треба да даде исказ пред обвинител, па да се донесе решение. Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски остануваат со статус на осомничени лица за сторени кривични дела убиство, помагање, грабнување. Статус на осомничено лице добива и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, за кого обвинителката тврди дека дал информација за траекторијата и времето на движење на неговата ќерка.

— реклама —

Според наши извори, обвинителката Крстевска-Јосифовска ги утврдила сите траеоктрии на движења на Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски како лица кои се гонат за сторување на грозоморните убиства.

Обвинителката Крстевска-Јосифовска ги утврдила и дејствијата на сите осомничени ги презеле за убиството на Вања, како и на Панче Жежовски.

— реклама —

Во случајот со Вања, како што пишуваше „Скопје1“ и претходно, истрагата утврдила дека Палевски давал насоки на Кешишев, Манев и Видески, со автомобилот на претходно убиениот Панче Жежовски од Велес да одат пред зградата на Вања и да ја грабнат. Таа се симнала со лифт, кога ја зграбиле, ја врзале и ставиле во вреќа за спиење и ја изнеле низ влезот, па ја ставиле во бажаникот на украдениот автомобил марка „цитроен“.

До овој момент, според истрагата, го нема Палевски, кој по кратко време се среќава со осомничените, кои во багажниот дел ја носат сега убиената Вања Ѓорчевска. Одат во Бразда, во место кое има див пат до лозја, викендици и дива депонија. И тука се случува убиството. Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, на прес-конференција посочи дека куршумот го испукал Палевски.

Извесно е дека по сослушувањето на Палевски, и анализа на доказите, обвинителката ќе ја заврши истрагата и за Палевски, по што ќе биде дел од обвинението заедно со останатите осомничени.

Освен вербални докази, Обвинителството со помош на МВР дојде до низа снимки кои откриваат детали од планот, а во корелација, ја даваат целата слика за убиството на Вања, но и за убиството на Жежовски. Притоа, има признанија на вина.

14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се петте лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања