Македонија

Времето денеска: Дожд и температури до 27 степени

Метеоролозите најавуваат за денеска променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.Температурите ќе се движат до 27 степени.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

До крајот на мај ќе се задржи значително топло време со макасимални температури кој ќе бидат околу просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, но и понатаму се најавува можност за голема нестабилност.

На почеток