🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Георгиев уште во станица: Ќе биде однесен пред судија за притвор, а ноќеска полицијата тресеше повеќе локации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
nakje-1

Врховниот судија, Наке Георгиев, осомничен за примање на награда за противзаконито влијание, вечерта ја помина во полициска станица, а беше и носен на секоја локација каде беа вршени претреси. За него, се бара ефективен притвор поради тоа што, според МВР, бил затекнат на лице место како прима 10.000 евра во кеш, од страна на синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев кој е осуден за трговија со марихуана.

— реклама —

Случајот го работеше Министерството за внатрешни работи, по претходно добиена пријава. Судијата е затекнат на лице место како прима пари, соопшти и полицијата. Уапсен е вчера околу 15 часот, а може да биде држен најмногу 24 часа. Ова значи дека до 15 часот мора да има одлука на судот - дали ќе има притвор или не.

„Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат од МВР.

— реклама —

„Скопје1“ веќе објави дека пријавителот е синот на Боро Стојчев.

Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.

Сопругата на Георгиев е обвинителка од Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.

Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања