Македонија

(Видео) Осудните за 27 април во штипскиот затвор биле оставани да смрзнуваат: Трпат дупла казна, судска и нечовечка

Различен пристап кон различни затвореници има низ затворите во Македонија, а пример за тоа е и затворот во Штип. Има привилигирани, но и лица кои издржуваат затворска казна, а ги немаат основните услови. Осудените за 27 април, среде зима, беа оставани да седат во ладна просторија, без греење, бидејќи директорот на затворот не им дозволуваше да внесат поради свои изговори. Истовремено, во соседни простории, не беше проблем да се донесат и по повеќе грејни тела.

„Имав прилика да разговарам со нив во зимските месеци, да, ги видов условите какви се каде што се. Тоа е втор пример, каде трпат дупла казна, судската и нечовечката. Голема е веројатноста дека станува збор за политички мотиви. Кај нас најголемата тензија расте при секоја промена на власт и очекувањата на граѓаните се да видиме кој ќе биде следен притворен, осуден.. И веројатно тоа им е мотивот зошто секој што е на власт не се зафаќа да ги промени условите. Смета дека владеењето ќе трае вечно, него нема да го фати да заврши таму, таа рака нема да го допре..“, рече заменик-народниот правобранител Јован Андоновски.

На почеток